Извршниот директор и потпретседател на руската Локо-банка, Кристина Бајкова (28) почина откако наводно паднала од прозорецот на стан на единаесеттиот кат на булеварот Ходински во центарот на Москва. Иако несреќата се случила на 23 јуни, медиумите дознале за неа и известуваат дури денеска.
Во станот била со извесен Андреј (34), кој тврди дека Кристина го контактирала барајќи да дојде на пијачка пред несреќата. Покрената е истрага за нејзината смрт.
Ова е само една од низата мистериозни смртни случаи кои се случија во Русија од почетокот на агресијата против Украина, пишува Дејли Мејл.
Минатата година, нафтениот магнат Равил Маганов, претседател на управниот одбор на рускиот нафтен гигант Лукоил, компанија која отворено ја критикуваше инвазијата на Путин на Украина, почина откако падна од прозорецот на болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.