Уште едел дел од важниот мост во источниот германски град Дрезден се урна рано утринава при контролирани активности за уривање, а целиот погоден дел треба да се отстрани, јави ДПА.
Инженерите вчера почнаа да го уриваат оштетениот дел за да спречат понатамошна опасност и да се подготват за предвидените поплави.
Делови од мостот „Карола“, долг околу 100 метри, рано во средата паднаа во реката Елба. Доколку инцидентот се случеше подоцна во текот на денот, можеше да резултира со многу несреќи бидејќи се наоѓа во непосредна близина на трамвајски патеки, велосипедски патеки и пешачки области.
Метеоролозите најавуваат поплави во наредните денови, што значително би ја зголемило опасноста од натамошно уривање на оштетената градба. Во недела се очекува реката Елба да се излее од коритото поради обилните врнежи кои се очекуваат во соседна Чешка.
Германската покраина Саксонија, каде што се наоѓа Дрезден, исто така се подготвува за континуиран дожд во источните области, а предупредувања за поплави се издадени и за реките Шпре и Лаузицер Најсе.
Мостот е со вкупна должина од околу 400 метри и се состои од три дела. Непосредно пред уривањето, санирани се два дела од мостот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.