Делови од Флорида се подготвуваат за ураганот Милтон – бура од 5-та категорија која најверојатно ќе донесе опасни ветрови со брзина од 290 километри на час и ќе остави пустош по него.
Во исто време кон Европа се движи уште една бура – ураганот Кирк, пишува Euronews. Иако Кирк повеќе не е класифициран како ураган, туку како тропска бура, сепак најверојатно ќе предизвика штета и нарушување во делови од Европа кога ќе пристигне оваа недела.
„Ова повеќе не е тропска бура со типична тркалезна, симетрична облачна структура и мирно око во центарот“, објаснува метеорологот Ларс Ловински за Euronews.
When #Kirk reaches Europe it will no longer be a hurricane, but the storm could still bring strong winds to parts of Spain, Portugal, France, Belgium, and the UK next week.
This map shows the latest ICON wind gusts forecast plus the latest forecast path from the NHC: pic.twitter.com/G5fuAVBtfZ
— Zoom Earth (@zoom_earth) October 5, 2024
Кирк првично беше моќен ураган, кој се движеше помеѓу Бермудите на Карибите и Азорските Острови во централниот дел на Атлантикот во текот на викендот. Дури накратко стигна до категоријата 4 на скалата Сафир-Симпсон. „Сега ќе остане многу силна бидејќи ќе се развие во моќна атлантска бура каква што често ја гледаме над Северен Атлантик и Западна Европа во текот на есента и зимата“, објаснува Ларс.
Кирк ќе биде првиот таков систем оваа сезона, која вообичаено ќе трае од октомври до март во Европа.
Приближувајќи се кон европското копно, Кирк најверојатно од денес ќе почне да влијае на северна Португалија и северозападна Шпанија. Можни се многу силен ветер и пороен дожд пред да пристигне главниот систем.
Иако сè уште не е целосно јасно колкава штета ќе предизвика на западниот брег на Европа, бурата потоа ќе продолжи да се движи кон исток и северо-исток и од оваа вечер ќе стигне до Франција.
Ларс, исто така, предупредува дека обилниот дожд ќе претставува закана, главно во централните и северните делови на Франција. Можно е дождовите да ја зафатат и Белгија и западна Германија.
Обилните дождови може да предизвикаат и поројни поплави и поплави на реките, а во најлош случај и лизгање на земјиштето во планинските области.
Синоптичарите, исто така, велат дека Кирк би можел да донесе неколкучасовен силен дожд и силен ветер во делови од Велика Британија – но сè уште не е јасно колку точно ќе бидат силни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.