Од почетокот на судирот во Судан, во април, во земјата има над четири милиони раселени лица, а повеќе од 884.000 лица побегнаа во другите земји, изјави портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер.
Според него, поради конфликтот во земјата е влошена и здравствената ситуација, а се повеќе луѓе се неухранети.
Спиндлер на новинарите им соопшти дека од средината на мај до средината на јули, УНХЦР забележала повеќе од 300 смртни случаи од сипаници и неухранетост, главно меѓу деца на возраст под пет години.
-Хроничниот недостиг на здравствен персонал, како и нападите врз персоналот, како што објави Светската здравствена организација, значително го загрозија квалитетот на здравствената заштита низ целата земја, рече Спиндлер.
Конфликтот меѓу меѓународно признатата влада и паравоените Сили за брза поддршка се интензивираа во источниот дел на Картум и Омдурман.
Конфликтот во Судан почна на 15 април меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената група РСФ на генералот Мохамед Хамдан Дагл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.