Парламентот на Унгарија  за првпат во историјата избра жена за претседател на земјата. Каталин Новак од владејачката партија „Фидес“ стана нова шефица на државата.

Нејзиниот мандат ќе трае пет години, а Новак за време на гласањето во парламентот го победи економистот Питер Рон, пренесе „Ројтерс“. Новак освои 137 од гласовите додека опозициониот канидат доби само 51 глас.

Пред гласањето, таа во својот говор изјави дека ќе го брани Уставот што го изработил и одобрил „Фидес“, кој, како што пренесе „Ројтерс“, само ги зацврстил клучните точки на конзервативната агенда на Виткор Орбан.

Четириесет и четиригодишната Новак досега се наоѓаше на местото министерка без ресор задолжена за семејни прашања. Должноста претседател ќе ја преземе од актуелниот претседател Јанош Адер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.