Унгарија планира од 16 септември да го забрани увозот на украинско жито со цел да ги заштити своите земјоделци.

Доколку Европската Унија не ја продолжи забраната за увоз на украинско жито во Европа пред истекот на мерката на 15 септември, Унгарија ќе забрани 24 производи врз кои првично влијаеја мерката на ЕУ, место четирите што во моментов се забранети, изјави унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наѓ.

Пет членки на ЕУ од Централна Европа, побараа од Брисел да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито по 15 септември.

Полска, Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка бараат забраната за четири украински производи: брашно, пченка, семе од репка и семки од сончоглед, да остане и по истекот на рокот, а тие да можат транзитно да се извезуваат низ овие земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.