Oфицијална Будимпешта ја откажа  средбата на министрите за надворешни работи на Унгарија и Германија, Петер Сјарто и Аналена Бербок, која требаше да се одржи в понеделник во Будимпешта. Откажувањето во последен момент доаѓа откако германскиот канцелар Олаф Шолц и други лидери на ЕУ ја осудија посетата на Виктор Орбан на Москва, каде што тој вчера разговараше со Владимир Путин.

Бербок требаше да го покрене прашањето за патувањето на Орбан, но германското министерство за надворешни работи кажа дека  унгарската страна ја откажала средбата со Сјарто“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.