Четири лица загинаа, а 38 се повредени во експлозијата што денеска се случи во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал, изјави гувернерот на Истанбул, Али Јерликај.
Како што јави турската телевизија НТВ, експлозијата се случила нешто по 16 часот по локално време, кога улицата била преполна.
На местото на настанот има полиција, амбулантни и противпожарни возила.
Турскиот огранок на американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен во првиот извештај објави дека во експлозија на улицата, која е популарна меѓу туристите и локалните жители, со голем број продавници и ресторани, има 11 повредени лица.
Продавниците се затворени, а причината за експлозијата не е позната.
По првите медиумски извештаи, турската агенција за надзор на медиумите воведе привремена забрана за известување за експлозијата – потег што ги спречува медиумите да емитуваат видео снимки од моментот на експлозијата или последиците од не
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.