Украинците нападнаа руско пристаниште во Краснодар по што потона траект со резервоари за гориво.

Украински војници нападнаа железнички траект во руско пристаниште во водите на пристаништето Кавказ, пренесува РИА Новости.

Траектот потона, објави оперативниот штаб на регионот Краснодар, на каналот Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека целта е да прават проблеми на руската држава. Тој рече дека војната ја вратиле на тлото на Русија, земја која ја нападна Украина. На 6 август, украинските сили упаднаа во Русија и го окупираа Курск.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.