Откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека Валери Залужни ја напушта функцијата врховен командант на вооружените сили на Украина, на негово место е назначен Александар Сирски, висок офицер во командата на украинската војска.
Неговото именување не наиде на премногу позитивен прием кај припадниците на украинските вооружени сили, поради имиџот што го следи генералот, дека при своите наредби не се грижи премногу за можните жртви меѓу војската. Тој дури го има и прекарот „генерал смрт“, поради огромните загуби на украинската војска во операциите со кои директно командуваше генерал Сирски.
Сирски е роден на 26 јули 1965 година во село Новинки, Киржачки округ, Владимирска област во Русија. Студирал на Вишата воена командна школа во Москва, а во 1993 година почнал да служи во 6-та дивизија на внатрешните трупи во Чугуев – и така останал во Украина.
Тој беше задолжен за водење на украинската кампања да ја одржи линијата во Артемовск (Бахмут), стратешко населено место во Донбас, а потоа почна и последователна „контра-офанзива“ на градот, која беше неуспешна, при што загинаа десетици илјади украински војници. Руските сили на крајот воспоставија контрола на градот, добивајќи подобра стратешка почва во областа.
Што друго е познато за војската на Сирски?
Во 2019 година, Зеленски го назначи Сирски за командант на украинските копнени сили;
На 23 август 2020 година, тој беше унапреден во чин генерал-полковник;
По почетокот на војната во Украина, Сирски ја предводеше одбраната на Киев, за што Зеленски му ја додели титулата „Херој на Украина“;
Во 2014 година, Сирски беше задолжен за покривање на излезот на украинските сили од таканаречениот котел Дебалцево, односно повлекувањето на Уклраинците од местото Дебалцево, голема битка меѓу украинските силит и припадниците на Доњецката Народна Република. Сирски го доби Орденот на Богдан Хмелницки за „успешно извршување на борбена мисија“, но многу украински војници, сепак, го обвинуваа Сирски за неуспех на таа операција поради големите загуби.
Во декември 2022 година, Сирски изјави за Економист дека „Русите не се идиоти“.
Тие не се слаби. Секој што ги потценува оди кон пораз“, истакна тогаш генерало Сирски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.