Украинските војници коишто учествуваат во инвазијата на рускиот регион Курск масовно играат во онлајн казина користејќи мобилен интернет од сателитските Старлинк.

Американскиот институт за проучување на војната (ISV) известува дека по инвазијата на регионот Курск од страна на украинските вооружени сили, има големо зголемување на активноста на корисници на онлајн казината од руска територија, кое достигнува и до 200%.

Во Украина, онлајн казината се забранети како закана за борбената ефикасност на војската,
и поради тоа на украинските војници им е оневозможено да играат преку услугата за сателитски податоци Старлинк. Сепак, таквите ограничувања не важат на руска територија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.