Украинскиот контранапад на југот, за кој многу се зборуваше, беше кампања за дезинформации за да се одвлече вниманието на Русија од вистинска контраофанзива што се подготвуваше во регионот Харков, објавија украинските специјални сили.

Украинските сили продолжуваат со неочекуваниот, брз напредок во североисточниот дел на земјата, заземајќи повеќе од една третина од окупираниот регион Харков за три дена. Голем дел од територијалните придобивки на Украина потврди и руското Министерство за одбрана.

Тоа беше голема специјална операција за дезинформирање. Русите мислеа дека ќе нападнеме на југ и ја преместија својата опрема и војници. Потоа, наместо на југ, имаше офанзива онаму каде што најмалку очекуваа и тоа предизвика паника и бегство – изјави Тарас Березовец, поранешен советник за национална безбедност, кој стана портпарол на бригадата Бохун на украинските специјални сили.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.