Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември, во во лондонската Вестминстерска опатија. Денеска ковчегот со телото на кралицата го напушти замокот Балморал, и ќе патува над 200 км низ градовите Абердин и Данди и покрај Перт, пред да пристигне во палатата Холирудхаус во Единбург, а на патот почит ѝ оддаваат илјадници луѓе.

Чарлс Трети вчера беше прогласен за крал на детална церемонија во Лондон, а принцовите Вилијам и Хари и нивните сопруги Кејт и Меган се сретнаа со бројниот народ во Виндзор кога неочекувано излегоа заедно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.