Украинскиот министер за внатрешни работи, Ихор Клименко, соопшти дека единица за беспилотни летала во 27. Печерска бригада на Националната гарда уништила руски противвоздушен ракетен систем БУК-М1 вреден десет милиони долари.
Видеото објавено на каналот Телеграм што го сподели Клименко, чие Министерство ја надгледува Националната гарда, покажува дека системот бил насочен кон една од „најкритичните области на фронтот“, без да се прецизира која област, објави „Киев Индипендент“.
Генералштабот денеска соопшти дека Русија изгубила 999 системи за противвоздушна одбрана од почетокот на војната во Украина, а со последната загуба таа бројка се искачила на точно илјада.
Ракетните системи земја-воздух БУК-М1 од советската ера во војната ги користат и Украинците и Русите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.