Украинската воена разузнавачка служба објави дека располага со информации оти руски специјалци поставиле експлозив во голем број инфраструктурни објекти во Доњецк контролирани од проруските сили.
– Ваквите потези имаат за цел да ја дестабилизираат ситуацијата на привремено окупираните територии на нашата земја и да создадат основа за обвинување на Украина за терористички напади, објави украинската воена разузнавачка служба на својот официјален профил на Твитер.
Службата ги повика жителите на Доњецк да не ги напуштаат своите домови и да не користат јавен превоз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.