Шефот на украинската делегација за преговорите со Русија, Дејвид Арахами, се надева дека денеска може да се отовори хуманитарен коридор од источниот град Харков.
Да даде Господ, во недела ќе има коридор, напиша преговарачот Арахами на Фејсбук, одговарајќи на коментарот на една жена за тоа дека требало да се слуша и да се договори прекин на огнот со Русија.
Жената била од Харков и минала низ „10 дена пекол“, наведе тој.
Претставниците на Украина и Русија во текот на втората рунда разговори во Белорусија, во четвртокот, се договорија да воспостават хуманитарни коридори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.