Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, имаше обраќање на Генералното собрание на ОН од кое повика на „брзи, конкретни и решителни“ потези за украинската криза.

Кулеба изјави дека ова е „критичен момент од светската историја и дека денешните акции на светот ќе го дефинираат тоа што следува во следните децении“.

Не смееме да ги повторуваме грешките што не доведоа до светските војни – изјави Кулеба, апелирајќи до земјите да не ги повторуваат грешките од минатото.

Тој додаде дека обвинувањето на Русија дека Украина ја ескалира ситуацијата било апсурдно.

Изјавите на Русија се нечуени и ужасни, тие ги надминуваат заканите за Украина – додаде Кулеба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.