Во градот Херсон рано утринава се слушнале пет експлозии, јавија руските медиуми додавајќи дека според неофицијални информации, активирани биле системите за противвоздушна одбрана.

Херсон, административниот центар на поширокиот истоимен регион, беше еден од првите градови што паднаа под контрола на руските сили од почетокот на воената операција во Украина во февруари.

Иван Фјодоров, прогонетиот градоначалник на Мелитопол, град под руска контрола во јужниот дел на регионот Запорожје, претходно преку Телеграм соопшти за силна детонација во градот.

Според руските медиуми, локалната полиција соопштила за експлозија во непосредна близина на главниот пазар во Малитопол, во која немало жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.