Заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, за „Гардијан“ изјави дека Украина губи од Русија на првите борбени линии и дека сега речиси исклучиво се потпира на оружје од Запад за да ја држи Русија што подалеку.

Ова сега е артилериска војна. Иднината сега ќе се решава на рабовите на бојното поле, а ние ја губиме артилериската битка.

 

Сега се зависи од тоа што ни дава Западот. Украина има едно парче артилерија на 10 до 15 руски. Нашите западни партнери ни дадоа околу 10 отсто од тоа што го имаат.

 

Ја потрошивме речиси целата артилериска муниција и сега користиме гранати на НАТО. Европа, исто така, испорачува гранати од понизок калибар, но бидејќи Европа останува без оружје, количината се намалува – изјави Скибицки.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека од 60 до 100 украински војници умираат секој ден, а уште 500 се ранети.

Скибицки смета дека конфликтот во блиска иднина ќе продолжи да биде претежно артилериски и дека бројот на ракетни напади што можат да бидат лансирани од Русија и да погодат цивили ќе остане на сегашното ниво, пренесе „Аваз.ба“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.