Водителот на украинската телевизија „Канал 24“, Фахрудин Шарафмал, имаше скандалозен настап во својата емисија цитирајќи го Адолф Ајхман, еден од најблиските соработници на Адолф Хитлер, кој во својата доктрина зборувал за неопходноста на убивање на децата на непријателите.

Вие може да ме нарекувате нацист, но јас се повикувам на доктрината на Адолф Ајхман и би сторил се за вашите деца никогаш да не живеат на оваа земја – има порача водителот на Русите.

Тој додаде дека, поради меѓународното право и Женевските конвенции, оружените сили на Украина не можат да убиваат деца, но дека тој би го направил тоа затоа што тој не дел од официјалните оружени сили.

Адолф Ајхман во нацистичка Германија бил задолжен за координација на планот за истрбување на милиони луѓе за време на Хокаустот, наречен „Конечното решение“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.