Генералштабот на вооружените сили на Украина стравува од проширување на зоната на конфликтот надвор од истокот и југот на земјата – објави американскиот телевизиски канал ABC News, повикувајќи се на украинскиот генерал-полковник Серхиј Наев.
Наев предупреди дека ако Русија продолжи да го зголемува производството на оружје и да ги унапредува воените технологии со помош на своите сојузници, зоната на конфликтот може повторно да се прошири надвор од истокот и југот“.
Наев додаде дека украинската армија се подготвува за таа можност. Со изградба на нови утврдувања и дополнителна обука на војниците.Тој оцени дека украинските вооружени сили не можат да постигнат успех во контраофанзивата поради подобреното вооружување на руските трупи.Призна и дека руската војска активно ја користи својата воздушна супериорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.