Украинската вицепремиерка, Ирина Верешчук, соопшти дека дека преку хуманитарните коридори се евакуирани повеќе од 140.000 цивили од конфликтните зони во земјата.
Таа истакна дека во текот на денот се евакуирани неколку илјади луѓе од градовите во регионот на Киев, а околу 5.000 луѓе од источниот регион Луганск.
Верешчук наведе дека хуманитарниот конвој уште еднаш не успеал да стигне до опколениот пристанишен град Мариупол, каде пто, според украински извори, досега загинале 2.187 жители.
Луѓето страдаат 12 дена. Во градот нема струја, вода, парно. Скоро и да нема мобилна комуникација. Се трошат последните резерви на храна и вода – се предупредува во соопштениет објавено на интернет страницата на Градскиот совет на Мариупол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.