Украинската државна служба за вонредни состојби на „Телеграм“ објави фотографии од соборени руски извидувачки беспилотни летала, а во прилог објави и текст во кој им се потсмева на Русите.

„Руско Министерство за вонредни ситуации, дали се слушаме? Дали веќе ги откривте сите пожари во шумите на Сибир, кога решивте да ги пуштите вашите дронови над регионот Донецк? Дали налет на ветер случајно го донесе вашето ѓубре на нашата територија? На ист начин треба да се почитуваат предупредувањата за невреме“, напишаа тие.

„Ве потсетуваме! За време на силни налети на ветер, не се препорачува да се движите под билборди, да стоите покрај високи дрвја (особено тополи) и далноводи или да лансирате извидувачки дронови над други земји. Почитувањето на овие едноставни правила ќе помогне да се спасат животи и имот. Вашиот придонес во оваа војна ќе оди на ѓубриштето на историјата, како и овие летала“, им порачаа Украинците на Русите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.