Украинската разузнавачка служба објави дека открила руски шпионски ланец.
Еден од шпионите бил дури и вработен во главниот штаб на украинската армија, изјави Олексиј Арестович, советник на претседателот Володимир Зеленски, пренесе украинската новинска агенција „Укринформ“.
Арестович не даде детали за тоа колку шпиони имало во синџирот.
Една од целите на групата била, наводно, да соборат патнички авион над Русија или Белорусија и да ја обвинат Украина – вели Арестович.
Според него, за планот требало да се користат противвоздушни ракети од украински резерви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.