Украинските сили го гранатирале населеното место Суземка во Брјанската област во Русија, објавија руските канали.
Гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз, на Телеграм објави дека при украинското гранатирање на цивилната област било рането едно лице и потврди дека снабдувањето со електрична енергија е делумно прекинато.
Украинските сили рано утринава ја гранатираа населбата Суземка. Во нападот беа оштетени неколку згради. Оштетена е локалната електрична мрежа, а снабдувањето со електрична енергија делумно е прекинато – објави Богомаз.
Гувернерот објави и дека „непријателските огнени позиции биле веднаш потиснати“.
На социјалните мрежи се појавија и фотографии од последиците на гранатирањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.