Украинската фирма за изградба и одржување патишта „Укравтодор“, соопшти дека од патиштата ги отстранува сите сообраќајни знаци коишто руските сили би можеле да ги искористат за движење низ земјата.

Непријателите немаат добра комуникација, не можат да се движат по теренот. Да им помогнеме да дојдат право во пеколот – стои во соопштението на фирмата објавено на Фејсбук.

Истовремено, од фирмата објавија и фотографии од стандарден сообраќаен знак на кој се гледа како насоките кон блиските градови се заменети со вулгарности кои може да се преведат како „Е*ете се“, „Е*ете се пак“ и „Одје*ете назад во Русија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.