Украина загуби 14 авиони и хеликоптери како и повеќе од 50 војници во обид да го заземе Змискиот остров, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.

-Во последните три дена, режимот на Киев загуби 30 дронови во близина на островот, од кои девет се „Бајрактари“.
На подрачјето на Змискиот остров, руската воздушна одбрана денеска собори уште едно украинско борбено беспилотно летало „Барјактар-ТБ2“. Обидот на Украина да го окупира Змискиот остров беше бесмислен од воена гледна точка. Телата на 27 украински војници остануваат на Змискиот остров,а уништени се три десантни чамци „Кентаур“ со маринци кои требаа да извршат десант, изјави Конашенков.

Нападот на Вооружените сили на Украина на Змискиот остров го смислиле британски советници, а наредбата ја издал лично Владимир Зеленски и покрај забелешките на украинскиот Генералштаб, изјави за РИА Новости извор од руските безбедносни сили.

-Наредбата за неверојатно глупавиот напад на Змискиот остров ја дал лично Зеленски и побарал „медиумскиот“ резултат да се постигне до 9 мај. Според веќе потврдените информации, Валериј Залужни и неговиот Генералштаб биле против оваа самоубиствена операција, идеја која Зеленски ја предложиле неговите британски советници. Финалето на оваа акција требаше да биде заедничка изјава за таканаречената „победа“ на британскиот премиер Џонсон и Зеленски. Но на крајот, само Џонсон зборуваше вчера, без да спомене ни збор за катастрофата на нападот на островот, вели изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.