Украина денеска со беспилотни летала ја нападна нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, оштетувајќи камион паркиран до мензата на централата, соопшти управата на објектот назначена од Москва.
Денеска беспилотно летало го погоди просторот на мензата лоцирана на територијата на нуклеарната централа Запорожје. Оштетен е камион што истоварал производи. Дваесет минути пред нападот имало планирана инспекција на експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија ( МААЕ) во оваа област. Уште еден удар со дрон ја погоди областа на товарното пристаниште. Нема закана за безбедноста на централата. Ниту еден вработен во фабриката или експерти на МААЕ не се повредени“, се вели во соопштението на управата на објектот.
„Ниту една нуклеарна централа во светот не е дизајнирана да издржи директен удар од вооружени групи. Оштетувањето на инфраструктурните капацитети на централата може да го загрози нејзиното безбедно работење“, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.