Украина се закани дека би можела да развие атомска бомба доколку САД престанат да и испорачуваат воена помош

Ваквиот извештај на украинското Министерство за одбрана протекол од администрацијата на претседателот Володимир Зеленски до редакцијата на британскиот весник „Тајмс“.

Според пишувањето, наводно, вооружените сили на Украина ја проучуваат можноста за составување бомба од плутониум извлечен од украинските нуклеарни реактори. Со тоа се отвора можноста украинските научници да направат бомба слична на бомбата „Дебелиот човек“ фрлена на Нагасаки во Јапонија во 1945 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.