Официјален Киев соопшти дека Украина освоила нови територии во руската област Курск, каде што заробила дополнителен број руски војници и уништила авион.
Командантот на украинската армија, Олександр Сирски, во видео објавено на Телеграм изјави дека украинските сили напредувале еден до два километри во некои делови на Курск. Сирски додаде дека украинските сили заробиле над 100 руски војници, кои ќе бидат заменети за украински затвореници.
Украинската армија, исто така, уништила руски авион Су-34, кој бил користен за напади на позиции и градови во Украина.
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека Киев инвазијата на руска територија ќе заврши кога ќе заврши војната во Украина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.