Ниту еден руски проектил денеска не стигна до Украина, откако украинските воздухопловни сили прогласија тревога поради големиот број бомбардери кои полетале од руска територија првпат по повеќе од два месеца.

Украинската војска очекуваше масовен руски напад, а Украина превентивно ја прекина струјата и ги повика жителите да отидат во засолништата.

Воздушното предупредување е поврзано со лансирање на крстосувачки ракети од стратешките бомбардери Ту-95МС, објавија на Телеграм украинските воздухопловни сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.