Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, по разговорите со советниците за национална безбедност на САД, Велика Британија и Франција во Киев, уште еднаш ги отфрли како неосновани руските обвинувања дека Украина може да користи „валкана бомба“ или радиоактивно контаминирана.

Тоа се неосновани обвинувања кои се дел од кампањата за дезинформација на рускиот претседател Владимир Путин против Украина, потенцираше Јермак.

Украина, исто така, е подготвена да им даде пристап на експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за да можат да се уверат во неоснованоста на обвинувањата.

„Валкана бомба“ се состои од радиоактивен материјал ослободен со конвенционални експлозиви. За разлика од нуклеарната бомба, нема нуклеарна верижна реакција. Русија ги објави обвиненијата во неделата, кои Украина, како и САД, Франција и Велика Британија веднаш ги отфрлија.

Сепак, Русија инсистира дека Украина има таква бомба и сака да ја користи.

На 24 октомври руското Министерство објави на Твитер дека имаат информации дека две украински организации добиле директни наредби за развој на таканаречената валкана бомба, истакнувајќи дека работата е во завршна фаза. Заедно со текстот, објавена е и придружна фотографија под наслов „Капацитетите на Украина за развој на валкана бомба“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.