Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ на делови од фронтот и соопшти дека постигнала напредок во близина на разурнатиот источен град Бахмут, истовремено намалувајќи го обемот на нападот што Москва тврди дека го одбила.
Одбранбената операција (на Украина) вклучува контраофанзивни акции. Затоа, спроведуваме офанзивни дејствија во некои сектори. Секторот на Бахмут останува епицентар на непријателствата. Напредуваме на прилично голем фронт. Постигнуваме успех и ги заземаме брдата. Непријателот е во дефанзива, напиша на Телеграм заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар.
Русија претходно соопшти дека одбила офанзива од големи размери на истокот и југот на Украина, како и дека им нанела големи загуби на Украинците во војници и опрема.
Киев со месеци подготвува голема контраофанзива, чија цел е да ги истисне руските војници од зоните што ги окупираа. Сепак, украинските власти предупредија дека нема да откријат ништо за нивните планови или датуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.