Украинскиот министер за енергија, Херман Галушченко, откри дека владата на неговата земја има намера да купи два нуклеарни реактори ВВЕР-1000 од руско производство.
Украинскиот функционер овие изјави ги дал во интервју за весникот „Политико“, објаснувајќи дека се планира да се набават споменатите реактори од Бугарија.
Галушченко додал дека плановите предизвикуваат остри критики од владејачката партија, но појаснил дека мерката ќе биде неопходна бидејќи на Украина и е потребна нуклеарна енергија за да ја преброди „она што може да биде најлошата зима во историјата на земјата“.
Од друга страна, владата инсистира на проширување на нуклеарната централа Хмелницки во западна Украина на сметка на овие реактори, изјавил Галушченко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.