Украинската полиција примила околу 50 тужби и отворила 16 кривични истраги за наводи за сексуално насилство од страна на руски војници врз цивили, соопшти заменик-министерката за внатрешни работи на Украина, Катерина Павличенко.
Украина, нејзините меѓународни сојузници и Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации истражуваат потенцијални воени злосторства, вклучително и сексуално насилство во Украина откако Русија ја почна воената операција во земјата во февруари.
Официјална Москва негира дека извршила воени злосторства и дека цели на руските сили биле цивили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.