Операциите на украинската армија резултираа со околу 800 жртви меѓу руските војници од почетокот на воените дејствија вчера во раните утрински часови.
Ова го покажуваат податоците на украинското Министерство за одбрана, пренесени од Си Ен Ен. Сепак, американскиот медиум нагласува дека неговите извори не можат со сигурност да ја потврдат веродостојноста на податоците.
Покрај тоа, според украинската страна, уништени се повеќе од 30 руски тенкови, како и седум авиони и шест хеликоптери.
Истовремено, украинската армија го разнесе мостот на реката Тетерев, на околу 50 километри од главниот град Киев, со цел да им го отежне преминот на конвојот од руски тенкови преку главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.