Уукраинскиот премиер, Денис Шмихал, изјави дека Украина годинава очекува до 16 милијарди долари дополнителна помош од своите меѓународни партнери.
Шмихал додаде дека земјата останала финансиски стабилна благодарение на поддршка од заемодавачи откако Русија почна воена операција кон крајот на февруари.
Украинскиот премиер нагласи дека над 40 отсто од буџетот на Владата на Киев годинава, односно околу 11,5 милијарди долари, се распределени за воени потреби.
Во износот се вклучени околу 7,7 милијарди долари за воени плати и дополнителни 3,65 милијарди долари за набавка на опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.