„Вашингтон пост“ во најновите анализи посветени на состојбата во Украина, пишува дека Украинците нема да можат да ја вратат територијата доколку украинските вооружени сили драстично не ја сменат ситуацијата на бојното поле во следните недели.
Украинската контраофанзива се одвива многу бавно. Доколку вооружените сили на Украина ја продолжат офанзивата со исто темпо, тогаш треба да очекуваме политичко решение на актуелниот конфликт во Украина“, сметаат аналитичарите на американското издание.
Во анализата на „Вашингтон пост“ се додава дека ако страните постигнат договор или прекин на огнот, тогаш секоја од страните ќе застане таму, „прогласувајќи победа“ и „целиот свет ќе го прослави крајот на конфликтот, нарекувајќи го мир“.
На слична линија е и пишувањето на „Политико“, чии информации велат дека САД и ЕУ го повикуваат официјален Киев да не биде премногу внимателен и да дејствува побрзо и поодлучно на првата линија на фронтот.
Според „Политико“, властите во Киев, пак, признаваат дека би сакале контраофанзивата да продолжи побрзо, но, како што велат, постојат голем број нијанси, од временските услови до неколку утврдени, одбранбени линии на вооружените сили на Руската Федерација, кои не се толку лесно да се пробијат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.