Советникот на украинскиот претседател, Алексиј Арестович, вети итна истрага по појавувањето на видео на кое се гледа како украински војници пукаат во колената на мажи, кои очигледно се руски заробеници.

Владата ова го сфаќа многу сериозно и ќе се спроведе итна истрага. Ние сме европска армија и не ги исмеваме нашите затвореници. Ако ова се покаже како точно, тоа е апсолутно неприфатливо однесување – нагласи Арестович.

Тој истакна дека Украина ги третира затворениците во согласност со Женевската конвенција.

„Си-Ен-Ен“ побарале коментар од украинското Министерство за одбрана.

Со цел да ги дискредитира украинските одбранбени сили, непријателот снима и дистрибуира монтирани видеа кои го покажуваат нехуманиот третман на наводните „украински војници“ кон руските затвореници. Нагласувам дека војниците на вооружените сили на Украина и другите легитимни воени формации строго се придржуваат до нормите на меѓународното хуманитарно право – изјави началникот на украинските вооружени сили Валери Залужни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.