Украинската влада соопшти дека од планира да продава обврзници за да ги плати своите вооружени сили додека ја бранат земјата од руската инвазија.

Во објава на Твитер, Министерството за финансии на Украина соопшти дека секоја едногодишна обврзница ќе има номинална вредност од 1.000 украински гривни (24,80 фунти; 33,27 долари), а каматната стапка што ќе им се нуди на инвеститорите „ќе биде одредена на аукцијата“.

Приходите од обврзниците ќе бидат искористени за задоволување на потребите на вооружените сили на Украина – се додава во известувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.