краинските власти тврдат дека повеќе од 30 населби во околината на Киев, што беа под контрола на руските сили, се вратени под украинска контрола.

Исто така се наведува дека повторно е воспоставена контрола врз градовите Буча и Бровари, што се лоцирани во близина на главниот град на Украина.

Руските сили денеска се повлекоа и од клучниот аеродром Хостомел во близина на Киев.

Русија претходно оваа недела соопшти дека драстично ќе ги намали своите воени операции околу Киев и Чернихив и дека се очекува руските сили да се прераспоредат во источна Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.