Украина го повтори својот повик за развој на систем за противвоздушна одбрана заради одбивање руски ракетни и беспилотни напади, а и како безбедносна гаранција за иднината.

Итно е потребна итна испорака на доволен број средства за противвоздушна одбрана за да се одбие „рускиот ракетен терор“, изјави шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак по разговорите со советниците за национална безбедност на САД, Велика Британија и Франција во Киев.

Според Јермак, разговорите исто така продолжуваат во рамки на меѓународна група експерти за тоа како Украина во иднина може да постои како сосед на Русија, со безбедносни гаранции.

Системот за противвоздушна одбрана би бил еден елемент од ова, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.