Руските трупи го зголемија притисокот врз украинските одбранбени позиции за време на тешките борби во источна Украина, изјави денеска украинскиот командант на регионот, Серхи Сидорин, јави ДПА.

-Битките се фокусирани на областа западно од Бахмут. Непријателот има големи загуби, но постојано ги надополнува своите редови со нови резерви, изјави Сидорин за украинските медиуми.

Според него, целта на руските напади е да се протурка до Часив Јар.

-Има борби преку ден, но и ноќе. Непријателот во моментов се обидува да го нападне градот, и фронтално и од крилата, рече Сидорин, опишувајќи ја ситуацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.