Бројот на загинати во украинското гранатирање на Белгород во Русија се искачи на седум, а бројот на повредени на 19, изјави шефот на регионот Вјачеслав Гладков.

Гладков на Телеграм напиша дека според последните податоци загинале седум лица, меѓу кои и едногодишно девојче. Тој изјави дека 10 ранети се во болниците во Белгород и дека двајца од нив се во тешка состојба на интензивна нега, додека осум повредени се во средно тешка состојба.

Според Гладков, двајца ранети возрасни и две деца се пренесени во болниците во Москва, а пет лица се испратени дома по укажаната медицинска помош.

„Во гранатирањето беа оштетени и 57 автомобили“, рече Гладков.

Украинските вооружени сили вчера попладне го гранатираа Белгород, а трговскиот центар беше оштетен. Удар имало во блиското училиште, во чија близина загинала мајка со бебе додека шетале.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана синоќа пресретнале и уништиле пет украински беспилотни летала над регионот Белгород и Црното Море.

Белгород се наоѓа на западот на Русија, во близина на границата со Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.