По минатонеделното објавување на десетиците доверливи документи на Пентагон, Украина смени некои од своите воени планови.

Во документите што добија јавност се проценува силата на руската воена машинерија, но и се навестуваат критичните недостатоци на украинската армија.

Додека украинските власти ги отфрлија документите како „лажни“, американските власти и за „Њујорк Тајмс“ и за Си-ен-ен потврдија дека документите се легитимни, иако некои од нив се чини дека се изменети.

Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, на Телеграм изјави дека верува оти документите се „темелени на големо количество измислени информации“ и немаат „никаква врска со вистинските планови на Украина. ”

Документите, исто така, откриваат дека САД го шпионирале претседателот Зеленски, што длабоко ги фрустрирало украинските власти, за Си-ен-ен изјави извор близок до претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.