Украина во моментов е земја со најмногу поставени мини во светот, а војниците на некои места копаат по пет мини на секој квадратен метар, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Според него, земјата има хроничен недостиг од деминери и опрема за деминирање и побара помош од Западот.

Резников за Гардијан кажа дека украинските сили можат да ги минат огромните мински полиња, но дека е клучно сојузниците да ја прошират и забрзаат обуката.

-Украина денеска е најминираната земја во светот. Имаме стотици километри мински полиња, со милиони експлозивни направи. Во некои делови од линијата на фронтот има и до пет мини на квадратен метар, рече тој.

„Руските мински полиња се сериозна пречка за нашите војници, но не и непремостливи. Имаме квалификувани експерти и модерна опрема, но тие се премалку за фронтот што се протега на стотици километри на истокот и југот од Украина“, додаде тој.

Некои од мините беа поставени од украинските сили за да ги заштитат сопствените одбранбени линии, но руската војска е одговорна за повеќето мински полиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.