Украина денеска ги демантирала наводите дека одбива преговори со Русија за прекин на огнот, но истакнала дека не е подготвена да ги прифати ултиматумите и неприфатливите услови.
Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за “Reuters” рекол дека Украина подготвила преговарачка позиција, но се соочила со несоодветни преговарачки услови.
„Вчера агресивните акции на вооружените сили на Руската Федерација ескалираа, со масовни воздушни и ракетни удари на украинските градови“, навел тој.
Подољак рекол дека таквите акции се обид да се скрши Украина и да се натера да прифати неприфатливи услови.
Кремљ денеска ја обвинил Украина дека е одговорна што не дошло до преговори, бидејќи ги одбила.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рекол дека руските трупи денеска попладне продолжиле да напредуваат откако украинските власти одбиле преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.