Градоначалникот на Чернихив изјави дека овој северен украински град е уништен од страна на руските војници, јави ДПА.

Градот е целосно уништен, рече денеска Владислав Атрошенко, додавајќи дека во изминатите неколку недели убиени се над 200 цивили.

Градот, кој се наоѓа во близина на границата на Украина со Русија и Белорусија, сега има само половина од вообичаените 285.000 жители, рече тој.

Атрошенко ги опиша моменталните услови во градот како катастрофални. Чернихив беше без струја, рече тој, и беше невозможно да се воспостават коридори за бегство бидејќи руските сили го уништија мостот што води кон Киев. Сепак, градот нема да се предаде, вети Астрошенко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.