Вкупно 11 џихадисти на Исламска држава се убиени во руски воздушни напади во источниот дел на Сирија.
Нападите се извршени во пустините Ал Сахне и Тадмор во централна Сирија и во пустината Деир Езора во источниот дел на земјата.
Во изминатите неколку часа 11 џихадисти се убиени во воздушните напади на руските сили против Исламска држава во сириската пустина. Џихадистите се кријат во пештерите во таа пустинска област каде што се уште има активни ограноци на Исламска држава, соопшти организацијата, додавајќи дека во тие напади се повредени 20 џихадисти – соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.
Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, се убиени речиси половина милион луѓе, а неколку милиони ги напуштиле своите домови.
Русија ги поддржува сириските владини сили од 2015 година и благодарение на таа клучна поддршка сирискиот претседател Башар ал Асад успеа да врати голем дел од територијата што ја загуби на почетокот на конфликтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.