Телото на белграѓанецот Александар М., кој беше убиен во понеделникот, е пронајдено во луксузна вила кај Марбеља за која постои сомневање дека ја изнајмил.
Според првите резултати од истрагата, како што пренесуваат шпанските медиуми, постои сомневање дека тој е убиен со еден истрел од пиштол, кој бил испукан во неговиот грб.
Телото е испратено на обдукција, која треба да биде завршена денеска. Оштетениот имал една прострелна рана во грбот, која била смртоносна, но обдукцијата треба да го покаже точното време кога се случило злосторството, како и да покаже дали има други повреди на телото, наведуваат од таму.
Националната полиција на Шпанија поведе истрага, а се сомнева дека во вилата била организирана забава, на која дошло до пукањето.
Сѐ уште никој не е уапсен, а полицијата се обидува да го утврди идентитетот на лицата што биле во вилата во моментот на нападот, како и мотивот за убиството зад грб, велат од таму.
Според медиумите, во понеделникот, во 8.55 часот, маж се јавил во полиција и пријавил дека слушнал истрели. На местото на злосторството бргу пристигнале припадници на националната полиција и на здравствената служба, но не можеле да го спасат Александар М. Неговото тело било пронајдено во локва крв.
Лекарите укажале помош на други двајца мажи на имотот, но тие не се тешко повредени и немало потреба да ги однесат во болница“, пишуваат медиумите.
Според медиумите, на релација Шпанија – Србија живеел Александар М. Се сомнева дека со себе имал и фалсификувани документи поради што најпрвин не се знаело дека убиениот е државјанин на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.